вторник, 26 мај 2026

Објавена е листа на градови кои нудат подобри услови за живот за иселеници во 2026 година

Додека сè повеќе луѓе се селат во странство поради работа, подобар животен стил и флексибилност, ново истражување открива кои градови се всушност најдобри за живеење на иселеници.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Обединетите нации, денес повеќе од 300 милиони луѓе живеат надвор од земјата во која се родени, што е речиси двојно повеќе во споредба со 1990 година, пренесува Еуроњуз. По пандемијата, се забележа значителен пораст на бројот на работници на далечина и дигитални номади кои се придружија на пензионерите и на оние кои се селат поради кариера.

„Глобал Ситизен Солушнс“ ја објави својата прва листа на најдобри градови за живеење на иселеници, рангирајќи 35 градови на шест континенти. Нивниот тим експерти ги анализираше градовите преку седум клучни индикатори:

  • трошоци за живот,
  • безбедност,
  • квалитет на воздух,
  • здравствена заштита,
  • лесно прилагодување,
  • познавање на англиски јазик и
  • мобилност.

Најголема тежина при оценувањето имале безбедноста и здравствената заштита.

На врвот на листата се најде Лисабон, а по него е Амстердам. Вкупно, меѓу првите 10 места се најдоа дури пет европски градови:

  1. Лисабон, Португалија (88,49/100)
  2. Амстердам, Холандија (81,97)
  3. Мелбурн, Австралија (81,79)
  4. Виена, Австрија (81,07)
  5. Барселона, Шпанија (80,7)
  6. Сингапур (80,58)
  7. Оукленд, Нов Зеланд (80,15)
  8. Токио, Јапонија (79,78)
  9. Копенхаген, Данска (79,57)
  10. Сеул, Јужна Кореја (78,89)

Португалската престолнина го освои првото место поради постојано добрите резултати во сите категории. Тој е еден од најпристапните градови на листата, со трошоци за живот значително пониски од Виена или Амстердам.

Познавањето на англискиот јазик е на високото ниво, а квалитетот на воздухот и безбедноста се над просекот за многу европски метрополи. Исто така, Португалија нуди јасен законски пат до дозвола за престој, што ја прави идеална за дигитални номади.

Холандскиот главен град го освои второто место благодарение на високата безбедност, врвната здравствена заштита и чистиот воздух. Амстердам има највисоко ниво на познавање на англискиот јазик меѓу сите европски градови на листата, што драстично го поедноставува секојдневниот живот и администрацијата.

Познат е по своите улици без автомобили. Пешачењето и возењето велосипед сочинуваат повеќе од 70 проценти од сите патувања во градот. Сепак, неговата слаба точка се високите трошоци за живот, што го прави Амстердам недостапен за сечиј буџет.

Како единствен град надвор од Европа во првите пет, Мелбурн нуди врвен животен стандард. Има највисоко ниво на познавање на англискиот јазик и е еден од најчистите градови во светот.

Нуди стабилен политички систем и развиена инфраструктура, иако е оценет малку полошо во категоријата безбедност во споредба со европските градови на листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ