Во поговорот кон книгаата Лидија Капушевска Дракулевска пишува дека „стварносната поезија“ или своевидниот „урбан реализам“ се иманентни за целокупната поезија на Ристо Лазаров. Неговиот приказ на емпириската стварност е критички интониран: светот боледува од тектонски нарушувања, царува сеопшта катаклизма, демократијата станува форма без содржина, а глобализацијата, корупцијата и метастази најавуваат песимистички исход. Оттука и драматичноста на поетскиот дискурс, најавен веќе со насловот на збирката: метаверзумот е футуристички виртуелен концепт кој подразбира мешање на дигиталната и физичката реалност со помош на разни алатки и технологии. Во таков контекс, човечкото и човечноста стануваат сѐ помаргинализирани и позагрозени.
Лазаров е поет кој не бега од стварноста, туку живее во неа, престојува буквално in media res на денешната апокалиптична верзија на светот. Неговатa поезија е „бодликава“- брутално искрена и веродостојна, директна и транспарентна, храбра и ангажирана во најубавата смисла.






