Според првичните информации, комбе со винички регистарски таблички удрило во мотоцикл управуван од сега веќе починатото лице.
Од силината на ударот, мотоциклистот починал на самото место.
На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Министерството за внатрешни работи, Итната медицинска помош, како и други надлежни служби кои извршиле увид.






