Во селото Зајас, Кичевско, на локален пат за „Нова населба“ вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од село Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од селото. Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Двајца малолетници повредени по сообраќајки со нивните тротинети
Во Неготино вчера на крстосницата од улиците „Климентова“ и „Дојранска“16-годишник управувајќи електричен тротинет паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишникот, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Објавено на
часот





