вторник, 26 мај 2026

Притвор за четворица Турци, нападнале доставувач во Скопје

Четворица државјани на Турција се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил на 24 мај вечерта на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило ауди удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.

„По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Скопје на 25 мај утрото ги привеле О.А., А.Ф.Е., Т.А.Б. и А.И.О., сите државјани на Турција“, соопшти МВР.

Од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против осомничените е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка им изрекол мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ