Доспеани, а неплатени обврски на Тетово, Гостивар, Сарај, Чаир, Желино..
На ниво на државата, највисок износ на доспеан долг од 14,3 милиони евра има Општина Гостивар, рангирана на 9-то место на новата должничка листата на Министерството за финансии. Општина Гостивар во однос на крајот од декември 2025 има намалување на долгот, но на годишно ниво, во споредба со првиот кавртал од лани, обврските се зголемени. Втора локална самоуправа е Општина Тетово со долг во износ од близу 12 милиони евра и се наоѓа на 10-то место, при што на квартално ниво има намалување, но на годишно има пораст на обврските.
Доспеани, а неплатени обврски (март 2026, евра)
Општина Гостивар 14.284.202
Општина Тетово 11. 974.062
Општина Желино 3.666.725
Општина Сарај 2.746.252
Општина Чаир 2.119.117
Извор : МФ
Општина Желино, спроред податоците од минстерството, на крајот на март имала доспеан долг во износ нешто повеќе од 3,6 милиони евра, износ кој е понизок во однос на декември 2025-та, но повисок на годишно ниво. Од скопските локални самоуправи, Општина Сарај пријавиле долг од 2,7 милиони евра додека Општина Чаир пак првиот квартал од годинава го завршила со долг во износ од 2,2 милиони евра.
Општинските ЈП должат над 107 милиони евра
Милионски долгови повторно пријавиле и јавните претпријатија формирани од локалната власт – вкупните доспеани, а неплатени обврски на крајот на март изнесувале 107.650.000 евра, за околу 370 илјади евра помалку во однос на декември лани.
На ниво на државата, од сите општински ЈП (со исклучок на ЈП формирани од Град Скопје и од Владата), со највисок должнички износ од 9,7 милиони ера е ЈП Водовод Куманово, следуваат ЈП Комуналец Струмица со должнички износ од близу 6,2 милиони евра, а ЈКП Тетово Ц.О. – Тетово пријавиле обврски во износ од 5,9 милиони евра.
Доспеани а неплатени долгови (март2026,евра)
ЈП Водовод Куманово 9.686.104
ЈП Комуналец Струмица 6.156.789
ЈКП Тетово Ц.О. -Тетово 5.854.941
ЈП Водовод Охрид 5.327.428.
ЈП Чистота и Зеленило, Куманово 4.361.051
ЈП Водовод и канализација Струга 4.316.477
Извор: МФ
Од останатите општински ЈП, со милионски долгови се и ЈП Водовод Охрид со должнички износ од над 5,3 милиони евра, ЈП Чистота и Зеленило – Куманово со нешто повеќе од 4,3 милиони евра и ЈП Водовод и канализација Струга со доспеани, а неплатени обврски во износ од 4,3 милиони евра.
Милионски долгови и на скопските ЈП
Во првиот квартал милионски долгови прјавиле и ЈП формирани од Град Скопје и дел од нив котираат високо на должничката листа – рангирани меѓу најзадолжените во друштвото од 900 институции, сектори, министерства, општини. Јавното сообраќајно претпријатие на крајот на март имало долг нешто повисок од 15 милиони евра, ЈП Водовод и канализација Скопје пријавило обврски во износ од над 14 милиони евра, а ЈП Комунална хигиена од 6,5 милиони евра.
Долгови на ЈП основани од Град Скопје (евра)
Март 2026 декември 2025
ЈСП 15.153.631 10.000.000
ЈП Водовод и канализација 14.335.180 18.300.000
ЈП Комунална хигиена 6.454.404 5.766.200
Извор : МФ
Во однос на состојбата на крајот од 2025 та, две од овие ЈП го зголемиле долгот, ЈСП за повеќе од пет милиони евра, а ЈП Комунална хигиена за околу 700 илјади евра, додека само едно, ЈП Водовод и канализација генерирале намалување на обврските за околу четири милиони евра.
„Порталб“ повикувајќи се на информации од Регистерот за вработени во јавен сектор, веќе објави дека скопските ЈП се и најголеми работодавачи, со по околу илјада вработени. Конкретно, ЈП Водовод и канализација – Скопје има 1.050 вработени, ЈСП Скопје 1.022 вработени, а ЈП Комунална хигиена имале 978 вработени во анализираната 2024 година.






