Во обид да ја спаси фармата, во текот на есента 2024 година, тој започнал проект за дупчење бунар, надевајќи се дека ќе најде извор на вода. Сепак, на длабочина од околу 40 метри, се случило нешто сосема неочекувано – наместо вода, од земјата избувнала нафта.
Според бразилскиот закон, Мореира морал да го пријави откритието кај надлежните органи. Многумина би помислиле дека во тој момент неговата животна борба завршила и дека неговото семејство конечно ќе најде финансиска сигурност. Сепак, се покажало дека не е баш така.
На имотот наскоро пристигнале геолози и рударски стручњаци, за да го испитаат новото наоѓалиште. Областa околу импровизираниот бунар е оградена, а на сопственикот му е ограничен пристапот до дел од сопствената земја, пренесува порталот Фармер.
Истиот медиум наведува дека Мореира повеќе не може ниту да дупчи за вода.
Пред неколку дена, на 19 мај, Националната агенција за нафта официјално потврди постоење на ново поле. Експертите истакнуваат дека појавата на нафта на толку мала длабочина е ретка, поради што експлоатацијата би можела да биде значително поевтина и побрза од вообичаеното.
Сепак, сè уште не е познато дали има доволно „црно злато“ во почвата за да бидат исплатливи инвестициите.
Líquido achado em sítio no Ceará é petróleo cru, conclui ANP https://t.co/kDrGVKmQVD pic.twitter.com/R9WEsYhhv7
— g1 (@g1) May 20, 2026
Имотот се простира на 49 хектари, што се смета за „скромен имот“ во бразилски услови. Без можност за наоѓање вода и продолжување на нормалното производство, приходот на семејството е во ризик.
Ситуацијата е дополнително комплицирана со административни забрани. Властите привремено ја забранија продажбата на земјиштето каде што е пронајдена нафта, како и поделба на парцелата, сè додека не се донесат конечни одлуки за експлоатација на наоѓалиштето.
Фармерот засега нема корист од откритието на нафта. Според бразилскиот закон, природните ресурси ѝ припаѓаат на државата, па затоа тој потенцијално би можел да добие финансиска компензација ако неговото земјиште биде експроприрано за изградба на нафтен објект.
Право на експлоатација најверојатно ќе добие голема нафтена компанија.






