понеделник, 25 мај 2026

Возеле без возачка дозвола и завршиле во полициска станица

Вчера во село Желино полицијата запрела патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.К. (30) од село Горно Лешница. При контролата било утврдено дека лицето го управувало возилото без да се стекне со право на управување моторно возило.

Објавено на

часот

Сподели

Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, а возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Рано утрово на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници запреле патничко моторно возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (39) од село Долна Бајница, Гостиварско. Констатирано било дека лицето го управува возилото без да поседува возачка дозвола. Поради сомневање за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ