вторник, 26 мај 2026

Трамп: Збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен или испратен во САД (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде испратен во Соединетите Држави за уништување или ќе биде уништен на друго место, додека продолжуваат преговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Збогатениот ураниум или ќе биде „веднаш“ предаден на САД и уништен таму, или уништен на лице место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл.

Трамп рече дека на настанот ќе присуствува „Комисијата за атомска енергија или нејзин еквивалент“. Не беше веднаш јасно дали мисли на американската агенција или на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на ОН со седиште во Виена.

Исто така, не беше јасно дали со оваа точка Трамп ја опишува моменталната состојба на преговорите, американско барање во преговорите или точка која веќе е договорена како дел од евентуален договор.

Иднината на залихите на Техеран од околу 400 килограми високо збогатен ураниум е клучна точка на спор во разговорите. Во саботата, Трамп рече дека рамковниот договор е „претежно“ преговаран.

Израел и САД заеднички започнаа војна против Иран на 28 февруари.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека тој и Трамп се согласиле во телефонски разговор претходната вечер дека договорот со Иран мора да ја елиминира нуклеарната закана.

Тоа значи дека иранските капацитети за збогатување ураниум ќе мора да бидат демонтирани, а залихите од високо збогатен ураниум да бидат отстранети од земјата, рече Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ