вторник, 26 мај 2026

Рубио: Преговорите за договор со Иран би можеле да траат уште неколку дена, Ормускиот теснец мора да биде отворен

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека преговорите за договор со Иран би можеле да „траат уште неколку дена“, откако американската војска повторно ја нападна таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рубио, опишувајќи ги нападите врз чамци што поставувале мини и ракетни лансирни позиции, рече дека Ормускиот теснец мора да биде отворен „на овој или на оној начин“, пренесува Ројтерс.

„Поморските премини мора да бидат отворени, ќе бидат отворени на овој или на оној начин, така што мора да бидат отворени“, им рече Рубио на новинарите за време на посетата на Индија.

И покрај прекинот на огнот што е во сила од почетокот на април, Централната команда на американската војска вчера соопшти дека извела нови напади осмислени „за да ги заштитат нашите американски војници од заканите што ги претставуваат иранските сили“.

Иран вчера соопшти дека соборил „непријателски“ дрон користејќи нов систем за противвоздушна одбрана, јавија иранските новински агенции.

Американските напади се случија додека главниот ирански преговарач и министерот за надворешни работи беа во Доха на разговори со премиерот на Катар за можен договор со САД за ставање крај на војната, изјавил функционер запознаен со посетата.

Рубио претходно им рече на новинарите во Њу Делхи дека САД ќе ѝ дадат на дипломатијата шанса да успее пред да размислат дали со Иран да се постапи „на друг начин“.

Тој рече дека на маса има „прилично цврста понуда“, мислејќи на разговорите за повторно отворање на Ормускиот теснец и „многу реални, значајни, временски ограничени преговори за нуклеарното прашање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ