Фудбалерот на Сондерјиске порача дека и покрај тоа што сезоната заврши за најголем дел од репрезентативците, атмосферата и мотивацијата во националниот тим се на високо ниво.
„Многу фудбалери сега одат на одмор, но ние сме тука, со репрезентацијата. Се подготвуваме максимално за овие мечеви и сакам да оствариме добри резултати. Имаме многу нови играчи, меѓу нив сум и јас. Уште немам дебитантски настап за сениорскиот тим, но тоа не значи ништо. Ќе работиме напорно за да се прикажеме во добро светло. Двата ривали ќе играат на Светското првенство, ќе ги сфатиме сериозно овие натпревари. Најважно е да сме дисциплинирани во техничка и тактичка смисла. Ќе ги одработиме задачите на стручниот штаб, со надеж за добри резултати на овие тешки мечеви. Имаме квалитет во нашиот состав“, изјави Емини.
Македонија на 29 мај ќе гостува кај Босна и Херцеговина во Сараево, а на 1 јуни ќе се соочи со Турција во Истанбул.






