вторник, 26 мај 2026

Сензација на Ролан Гарос, рана елиминација за Медведев

Ролан Гарос уште во првото коло донесе огромна сензација, откако Данил Медведев неочекувано беше елиминиран од Австралијанецот Адам Волтон (3-2).

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот тенисер важеше за голем фаворит, но по вистинска драма и повеќе од три часа игра мораше да го признае поразот од 97. тенисер на АТП листата. Волтон одигра фантастичен натпревар и славеше со 3-2 во сетови, односно 6-2, 1-6, 6-1, 1-6 и 6-4, приредувајќи едно од најголемите изненадувања на стартот од турнирот во Париз.

Медведев така уште на самиот почеток го заврши настапот на вториот Грен слем во сезоната, само неколку часа по елиминацијата и на Марин Чилиќ.

Во второто коло Волтон ќе игра против Свајда, кој беше подобар од Попирин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ