вторник, 26 мај 2026

Заменик-министерката Трајков добитничка на признанието „Лидер во дигитална трансформација“

Проф. д-р Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања е добитник на престижното признание „Digital Transformation Leader“ во рамки на првото национално издание на Women Tech Macedonia Awards 2026.

Објавено на

часот

Сподели

Свечената церемонија се одржа во резиденцијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова која е покровител на церемонијата, а со поддршка на Министерството за дигитална трансформација.

Како што информираа од кабинетот на Трајков, ова признание се доделува за исклучителен придонес во областа на дигиталната трансформација, современите политики и унапредувањето на технолошкиот развој.

„Ова признание е мотив повеќе да продолжиме со создавање модерно, дигитално и европски ориентирано општество, каде младите, знаењето и иновациите ќе бидат двигатели на иднината“, истакна проф. д-р Викторија Трајков.

Women Tech Macedonia Awards ги слават жените лидери, иноватори и професионалци кои оставаат силен импакт во технологијата, образованието, претприемништвото и дигиталното општество, а годинава за првпат се организираат на национално ниво во Македонија.

Настанот обедини лидерки од институциите, академската заедница, бизнис секторот и технолошкиот екосистем, со заедничка цел – промоција на женското лидерство и дигиталната иднина на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ