вторник, 26 мај 2026

Маж од Кочани загина во сообраќајка на патот Штип-Делчево

Четириесет и двегодишен маж од Кочани го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на местото викано „Компосара“.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена вчера во 21:23 часот, а во неа учествувале товарно возило пежо со винички регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот А.С. од Виница и мопед без регистарски ознаки, кој го управувал А.Ѓ.(42) од Кочани.

Од здобиените повреди, возачот на мопедот починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, каде што лекар констатирал смрт.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, а причините за несреќата се утврдуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ