вторник, 26 мај 2026

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Дваесет и четиригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 25 мај во 11:55 часот, а во неа учествувале четири возила – патничко возило киа управувано од 45-годишната В.Х.М., мотоцикл хонда управуван од С.С.(24), патничко возило мерцедес управувано од Н.Х.(53) и уште едно патничко возило мерцедес, кое во моментот било запрено, а зад чиј волан бил С.А.(65).

Сите учесници во несреќата се од Скопје. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ