вторник, 26 мај 2026
Општина Центар

Нови санкции и можност за одземање лиценци по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“

Општина Центар најави најстроги санкции и можност за одземање лиценци на одговорните лица по свлечиштето што се случи на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде беа оштетени коловозот, тротоарите и дел од инфраструктурата покрај градежен објект.

Објавено на

часот

Сподели

Од Општината информираа дека инспекциските служби, заедно со МВР, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, извршиле увид на терен при што биле утврдени повеќе неправилности во изведбата на градежните активности, како и свлечиште на земјиштето.

Констатирани биле оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, по што веднаш биле изречени законски казни согласно Законот за комунални дејности.

Паралелно, екипи на Општина Центар поставиле сигурносни ленти и презеле мерки за обезбедување на просторот, со оглед на тоа што градилиштето се наоѓа во близина на станбени објекти.

Во текот на денот, на терен бил повикан и државен градежен инспектор, а Општината побарала и стручна експертиза од професори на Градежниот факултет за проценка на состојбата и можните ризици.

За случајот е известено и Основното јавно обвинителство, додека од страна на градежниот инспектор ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата. Од Општина Центар најавуваат и дополнителни постапки против надзорот и изведувачот поради, како што велат, несовесно постапување.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина Центар нема да толерира неодговорно однесување од инвеститори кога е загрозена безбедноста на граѓаните и јавниот простор.

Инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за санација врз основа на експертизата од Градежниот факултет и да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ