„На билатералната средба во Охрид се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји“, информира Министерството за транспорт.
Николоски се заблагодарил за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи, како и за измените на Законот за работни визи кои веќе ги направи Хрватска кои, како што велат од Министерството, се од огромно значење за македонските превозници.
На средбата се разговарало за економската соработка и можностите за засилена економска активност помеѓу двете држави.
Хрватската владина делегација ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, кој со премиерот Христијан Мицкоски ќе потпишат договори за стратешка соработка помеѓу Македонија и Хрватска.






