Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен вчера околу 14 часот од 71-годишниот Б.С. од Скопје, дедо на детето.
Како што пријавил, неговиот 12-годишен внук се движел по улица во Драчево кога му се приближил мотор управуван од едно лице, додека како сопатник бил 18-годишниот А.Х. од Скопје, кого детето го познавало.
Според пријавата, А.Х. го фатил детето за рака, а моторот продолжил да се движи, по што малолетникот паднал и бил влечен по улицата.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.






