среда, 27 мај 2026

Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика во САД, има мртви (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку лица загинаа, а повеќе се сериозно повредени во пожар што избувна во фабрика во Лонгвју, во близина на границата на државата Вашингтон со Орегон во северозападниот дел на Соединетите Американски Држави, соопштија локалните власти во вторник.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничка изјава со компанијата Нипон дајнавејв пакаџинг и локалните власти, потврдија дека имало жртви и дека неколку лица претрпеле сериозни повреди во инцидентот. Точниот број на жртви сè уште не е објавен.

Итните служби интервенираа откако резервоар што содржел бела течност пукнал во вторник наутро. „Во овој момент, официјалните лица велат дека нема непосредна закана за околната заедница“, се додава во соопштението.

Се работи за фабрика во Лонгвју, државата Вашингтон, која ѝ припаѓа на Нипон дајнавејв пакаџинг, во целосна сопственост на јапонската мултинационална компанија Нипон пејперс индустрис. Компанијата произведува картонска амбалажа за течности.

Шефот на противпожарната и спасувачка служба на Каулиц, Скот Голдштајн, изјави дека бројот на жртви сè уште не е утврден, додека е потврдено дека во несреќата се повредени 10 лица, вклучувајќи и еден пожарникар.

Тој рече дека повредите се движат од полесни до исклучително сериозни и опасни по живот. Додаде дека пукнатиот резервоар имал капацитет од околу 300.000 литри и бил полн околу 60 проценти.

Гувернерот на државата Вашингтон, Боб Фергусон, изрази сочувство до жртвите преку платформата Икс.

„Многу ми е жал дека има смртни случаи. Моите мисли се со работниците и нивните семејства, како и со припадниците на итните служби“, напиша Фергусон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ