Напаѓачот на Бразил успеа со тешки маки да добие повик од селекторот Карло Анчелоти, а според првичниот план бројот 10 бил наменет за Винисиус Жуниор. Како алтернатива за тој број се споменувал и Рафиња, додека Нејмар требало да настапува со бројот 13.
Сепак, бразилските медиуми откриваат дека Винисиус и Рафиња решиле да му ја препуштат „десетката“ на својот поискусен соиграч како знак на почит кон неговото значење за репрезентацијата.
Така, Нејмар и на овој Мундијал повторно ќе настапува со бројот што со години беше негов заштитен знак во дресот на Бразил.






