Дилемата на Модриќ беше дали да стави крај на кариерата по крајот на Светското првенство или да одигра уште една сезона во Милан.
Шпански „АС“ и италијанска „Газета дело Спорт“, тврдат дека Модриќ го одбрал првото, ќе се пензионира по крајот на Светското првенство.
Милан остана без пласман во Лигата на шампионите, го отпушти Масимо Алегри, а тие две работи не му се допаднаа на Хрватот.
Во клубот во последните месеци владеел тотален хаос, се пишува и за физичка пресметка меѓу Ибрахимовиќ и Алегри.
Настаните кои предизвикаа лоша клима во клубот доведоа до серија од очајни резултати кои го исфрлија Милан од позициите кои водат во Лигата на шампионите.
Модриќ ја загубил желбата за останување во клубот.






