Во текот на истиот ден, полицијата интервенирала и во неколку случаи на семејно насилство во Тетово и Гостивар.
Во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода 71 годишниот З.Ѓ., откако бил пријавен дека во семејниот дом физички ги нападнал својот син и снаата.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера поладне пак, во Тетово приведен бил 72 годишниот Ј.Д., по претходна пријава дека во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал својата 66-годишна сопруга.
И тој е задржан во полициска станица, а и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во полициското одделение Жеровјане, пак, 70-годишен жител на тетовско село пријавил дека на 24 мај околу пладне, во маркет во друго село, бил физички нападнат од неговиот 75-годишен зет Н.А.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање и на овој случај.






