среда, 27 мај 2026

Мицкоски и Гаши со честитки за Курбан Бајрам: Да градиме општество на единство и почит

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија честитки до граѓаните од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам, посакувајќи мир, здравје, благосостојба и заедништво.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата честитка, Мицкоски порача дека Курбан Бајрам потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Тој истакна дека празникот е можност за заедничко градење општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите ќе бидат сила, а заедништвото иднина.

„Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет“, порача премиерот во честитката.

Честитка по повод Курбан Бајрам упати и Гаши, кој нагласи дека празникот е симбол на пожртвуваност, хуманост и блискост меѓу луѓето.

Тој посочи дека овој свет празник ги обновува вредностите на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит, како и важноста од грижата за другите и споделувањето добрина со сите на кои им е потребна поддршка.

Според Гаши, Курбан Бајрам е и повик за поголемо единство, мир и хармонија во општеството, со верба дека само заеднички може да се изгради подобра иднина за сите граѓани.

„Во име на Собранието и во мое лично име, ви посакувам овој празник да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во вашите семејства. Честит Курбан Бајрам“, наведува Гаши во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ