среда, 27 мај 2026

Љутков и Ѓорѓиевски потпишаа меморандум за унапредување на културно-туристичката понуда во Скопје

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за развој на културата, туризмот и културно-туристичката понуда во главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини.

„Унапредувањето на културата и туризмот во Скопје е наш приоритет. Скопје 2028 – Европска престолнина на културата е процес на вистинска трансформација на градот. Процес во кој ќе ја зачуваме нашата традиција, ќе го афирмираме културното наследство, ќе ја оживееме урбаната меморија и ќе создадеме нови содржини кои ќе бидат препознатливи и за домашните и за странските посетители. Со оваа соработка ќе работиме на поголема видливост на културно-историските локалитети, туристичките атракции и јавните културни простори, но и на подобри услови за информирање, престој и ориентација на посетителите во нашиот град. Скопје има огромен потенцијал. И како град на културата, и како град на туризмот, и како град на средби, приказни, традиција и современа енергија. Продолжуваме посветено да го градиме Скопје како културен центар на Македонија и достоинствена Европска престолнина на културата во 2028 година“, наведува Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ