среда, 27 мај 2026

Најстудено утро во Берово со измерени девет степени

Најстудено утрово беше во Берово и на Попова Шапка со измерени 9 степени, додека најтопло утро беше во Велес со 19 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти УХМР изутринава се измерени 10 степени во Mаврови Анови и Лазарополе, 11 Крива Паланка, 12 Битола, 13 Тетово, Охрид, Претор, Kрушево, 14 Скопје-Петровец, 15 Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, 16 Виница, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, 19 Велес.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладене во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ