среда, 27 мај 2026

Продолжува спорот меѓу Македонците и Грците во Австралија

„Македонското прашање“, тема што со децении ги обликуваше односите меѓу грчката и македонскатаа дијаспора се враќа во фокусот на австралискиот јавен живот. Преспанскиот договор требше да ги затвори сите овие прашања, но на теренот, не само во Австралија, е сосема поинку.

Објавено на

часот

Сподели

Неодамнешните случувања во Мелбурн укажуваат дека тензиите не само што не исчезнале, туку повторно се разгоруваат на повеќе нивоа — политичко, културно, општествено и симболично, пишува грчкиот портл Неос космос.

На годинешната големата парада Mумба во Мелбурн, градоначалникот ја забранил употребата на национални симболи, конкретно Сонцето од Кутлеш (Вергина) — симбол што со години е предмет на спор меѓу грчката и македонската заедница.

Одлуката беше сфатена од многумина како обид да се избегнат тензии, сепак, наместо да ја смири ситуацијата, се чини дека поттикна нов бран реакции, пишува Неос космос.

Неколку дена подоцна, на фудбалски натпревар македонски навивачи на стадионот се појавија со знамиња со Сонцето од Кутлеш. На ова, претставници на грчката дијаспора упатија писмена жалба, тврдејќи дека употребата на грчки историски симбол е провокација и го нарушува духот на Преспанскиот договор.

На ова, клубот Колингвуд одговори дека на посетителите генерално им е дозволено да внесуваат знамиња, дека нема ограничување знамињата исклучиво да бидат официјални национални знамиња.

Тензиите, според Неос космос, ескалирале за време на јубилејниот настан организиран од „Македонската православна младина на Австралија“ одржан во Саншајн Вест во присуство на претставници и од Владата на Викторија и од опозицијата. На настанот присуствуваа и дипломатски претставници од Македонија, а присутните повеќепати го користеа името на државата Република Македонија.

И на ова следуваше реакција на грчката Панмакедонска асоцијација на Мелбурн и Викторија, која испрати официјални писма до премиерката на Викторија, Џасинта Алан, и до лидерот на опозицијата, Џес Вилсон. Во писмото се тврдеше дека употребата на Република Македонија претставува очигледно прекршување на Преспанскиот договор од 2019 година. Асоцијацијата изрази незадоволство и од присуството на пратеници и од Лабуристичката и од Либералната партија на настанот, тврдејќи дека нивното учество создава впечаток на политичка толеранција или дури индиректно прифаќање на терминологија која, како што нагласија, е спротивна на меѓународното право.

Панмакедонската асоцијација тврди дека терминот „македонски“ не може да биде монополизиран од една заедница, бидејќи претставува неразделен дел од историското и културното наследство на милиони Грци кои потекнуваат од регионите на грчка Македонија: Централна, Западна и Источна Македонија и Тракија.

На настанот на македонската православна младина реагирала и грчката црква на употребата на Република Македонија и на присуството на, според нив, грчки-православни свештени лица, всушност на свештеници од МПЦ-ОА.

Македонското прашање се враќа како тема и во австраликата јавност.

Грчката заедница во Австралија е решена да го брани она што смета дека за нив се непреговарачки елементи на својот историски и културен идентитет.

Наспроти нив, македонската заедница продолжува да го промовира својот сопствен историски наратив и самоидентификација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ