Прв предизвик в петок ќе биде селекцијата на Босна и Херцеговина во Сараево, а пред гостувањето својот став го сподели повратникот во националниот тим, Јован Манев.
„Чест ми е што повторно сум дел од оваа селекција од репрезентацијата на Македонија. Нè очекуваат натпревари против квалитетни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Подготвени сме да го дадеме максимумот, без разлика дали станува збор за пријателски натпревари или натпревар за бодови. Такви поделби не постојат кога се игра за репрезентацијата, затоа што секој натпревар е исклучително важен. Уверен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на овие два натпревари и се надевам на победи. Самото тоа што се квалификуваше на Светско првенство покажува дека станува збор за репрезентација со голем квалитет, но тоа нема да значи ништо ако ние бидеме на вистинското ниво и го дадеме максимумот на теренот.
Им честитаме за пласманот на Светското првенство, но ние одиме таму да дадеме сто проценти и да победиме. Селекторот ќе го има главниот збор, а наше е да ги испочитуваме неговите барања, да ги реализираме задачите што ќе ни ги постави и да дадеме сè од себе за да оствариме победа“, изјави Манев.
Македонија по гостувањето кај Босанците патува кон Турција, а дуелот со оваа селекција е закажан за в понеделник.






