вторник, 26 мај 2026

Захариевски му врати на Миленко: Вардар е над сите нас, ќе те надживее и тебе!

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски утринава ги прозва поранешните тренери на црвено-црните, па прв кој му одговори е Срѓан Захариевски.

Објавено на

часот

Сподели

Утринава Миленко на социјалните мрежи објави пост во кој напиша: „Гоце V.S Горазд/Чунга/Срле – Бог и шеширџија“.

Директорот на црвено-црните ги омаловажи тројцата поранешни тренери, но Захариевски не остана рамнодушен на ваквата објава па му врати.

„Почестен сум од денешната споредба, особено кога доаѓа од човек од сточарството за кој фудбалската топка сѐ уште е рамна. Мојата фудбалска биографија е беспрекорно чиста, со многу успеси како фудбалер и како фудбалски тренер во последните 14 години и така ќе остане. Јас верувам во еден Господ, а ти и твоите повеќе богови не се плашите од правда (зашто ја нема и тоа лично сум го осетил), ама на крајот на денот кармата стига кај секого.
Вардар е на ниво на држава и е над сите нас и ова ќе го надживее“, реагираше Срѓан Захариевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ