Како што информираат од тетовската полиција, вчера наутро Б.Ф. од Мала Речица пријавил дека рано утрото забележал дупка на кровот од неговото возило ауди со тетовски регистарски ознаки.
Според пријавата, во непосредна близина на автомобилот било пронајдено и заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски екипи извршиле увид на местото, а проектилот бил подигнат за понатамошна постапка и вештачење.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување од каде потекнува куршумот.






