среда, 27 мај 2026

Универзитет Јорк – студирме на британски универзитет, живееме во Солун

Постои нешто што ниту една ранг-листа, ниту една промотивна брошура не може да го долови она како вистински се чувствува да бидеш студент. Тоа е раното утро пред испит со колегите од факултет, кафулето во кое се пишуваат семинарски, тимскиот проект што се претвора во пријателство, прошетката низ градот покрај море по долго предавање. И токму тука Европскиот кампус на универзитетот Јорк во Солун нуди нешто што ретко може да се најде на друго место, комбинација која досега изгледаше речиси невозможна: академска иднина на еден од водечките универзитети во Велика Британија и медитеранскиот ритам на еден од најомилените студентски градови во Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Солун, со својата историја, со плажите оддалечени половина час од центарот, со студентската енергија што се чувствува на секој ќош, овозможува искуство кое многу од младите што заминуваат директно во Велика Британија не го почувствуваат. Наставата се изведува целосно на англиски јазик, заедницата е длабоко меѓународна, со студенти што доаѓаат од над триесет земји од целиот свет, а кампусот функционира како нетворкинг на млади луѓе кои секојдневно се развиваат заедно.

Самиот кампус во Солун го одразува тој баланс. Студентите имаат пристап до модерни предавални, компјутерски лаборатории, простори за заедничко учење, најсовремено опремена библиотека со богати печатени и дигитални колекции, и спортски капацитети. Постои Студентски сојуз кој активно ги застапува студентите, како и широк спектар на клубови, друштва, културни и волонтерски активности, од спортски секции и фитнес програми до невронаучни истражувачки иницијативи, дигитални медиумски проекти, бизнис и маркетинг настани. Само неодамна, кампусот ги организираше „Neuroscience Days 2026“, Студентскиот пролетен симпозиум и хибриден Career Fair кој ги поврзува студентите со водечки работодавци.

Студентите истакнуваат дека најголемата разлика во британскиот академски пристап ја чувствуваат во начинот на кој се учи.

„Начинот на предавање и концептот на испитите го развиваат критичкото мислење кај студентите. Теоријата што ја учиме не останува само во книга, туку практично ги осознаваме нештата од сите сфери на бизнисот. Факултетот ни овозможува посети на компании од различни сектори, а искуството што го стекнуваме од тие настани е исклучително. Професорите очекуваат да читаме академски статии, да аргументираме сопствен став и да дискутираме, што ме мотивира да бидам активна и самостојна во учењето“, потенцира Марија Спасовска, студентка на втора година на бизнис смерот.

Понудата на смерови овозможува секој студент да најде свое место и своја заедница. На додипломско ниво, покрај четирите бизнис насоки, тука се и четирите специјализации во Компјутерски науки, вклучително насоката за Вештачка интелигенција и наука за податоци, која во последните години израсна во една од најатрактивните во регионот, како и Психологија, Англиски јазик, лингвистика и литература, Комуникации и дигитални медиуми. На постдипломско ниво, посветените програми по Клиничка психологија, Клиничка невропсихологија, Советување и психотерапија отвораат сосема нови професионални хоризонти за оние што сакаат да работат во менталното здравје, област што во регионот доживува сериозна експанзија.

Меѓународното искуство, комбинирано со географската блискост на семејството и со далеку пониските трошоци за живот во споредба со кој било британски град, создава нова категорија на студенти. Студенти кои добиваат целосно британско образование, но не плаќаат целосна британска цена. Студенти кои градат меѓународни пријателства и професионални контакти, но остануваат поврзани со својата земја, со својот регион, со семејството. Студенти кои го избегнуваат класичниот сценарио на одлив на мозоци и наместо тоа стануваат дел од нова генерација која носи дома знаење, врски и амбиција. За оние што сè уште се двоумат, Спасовска има јасна порака.

„Студирањето во странство носи две дипломи. Едната е од завршените студии, а другата е од сите лекции за животот што се учат во клучните години за развој на личноста. Ова е искуство што бара излез од комфорната зона, но само тогаш суштински можеме да видиме напредок во која било сфера од животот. Навиките што се стекнуваат се неспоредливи, а исто така се создаваат долготрајни пријателства со луѓе од целиот свет“, додава Марија.

За академската 2026/27 година, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк нуди широк спектар додипломски и постдипломски програми во Солун, со достапни стипендии за македонски студенти за двете нивоа. За консултации, посета на кампусот или прашања околу аплицирањето, македонските кандидати може да се обратат до канцеларијата за Македонија: контакт-телефон 02/3064-533, е-пошта: [email protected].

Комерцијлен текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ