среда, 27 мај 2026

Израел ги засилува нападите врз Либан, повеќе од 30 загинати

Најмалку 31 лице загинале, а 40 се повредени во силните израелски воздушни напади врз југот и истокот на Либан, соопштија денеска властите, откако Израел предупреди дека ги засилува операциите и покрај формалниот прекин на огнот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Либанското министерство за здравство соопшти дека жртвите се последица на нападите извршени вчера.

Либански претставници соопштија дека Израел извел операции и на други локации во земјата, вклучително и три напади во близина на вештачкото езеро Караун, југоисточно од главниот град Бејрут.

Управата за реката Литани предупреди на „катастрофални ризици за населението, инфраструктурата и виталните објекти низводно“.

Караун е најголемото вештачко езеро во Либан, создадено со брана на реката Литани, и има клучна улога во снабдувањето со вода и електрична енергија во регионот.

Израелската војска утрово соопшти дека убила еден припадник на Хезболах во јужен Либан.

Откако Нетанјаху најави засилени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата на подолг период, како што тоа го правеа во 1980-тите и 1990-тите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ