сабота, 25 април 2026

Жени излегоа на улиците на Кабул, им испратија јасна порака на талибанците (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На еден од влезовите во претседателската палата десетина жени порачаа дека не сакаат земјата да се враќа во минатото.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Херојска влада со жени“ и извикуваа слогани со кои се поддржува почитувањето на човековите права.

На летоците кои ги делеа бараат на жените во Авганистан да им се одобри правото на образование, општествен и политички ангажман и општи слободи, кои вклучуваат и слобода на говор.

Портпаролот на талибанците Забинулах Муџахид најави дека во новата влада на Авганистан нема да има жени на министерски функции.

Муџахид за италијанскиот весник Република кажа дека жените можат да работат во министерствата, полицијата, или како помошнички во правосудството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ