Истовремено, велат од ССКМ, се нагласува потребата од почитување на принципот на презумпција на невиност, сè до официјално утврдување на евентуалната одговорност од страна на надлежните органи.
„Компаниите од здравствениот сектор при ССКМ остануваат цврсто посветени на заштитата на пациентите, унапредувањето на професионалните стандарди и почитувањето на највисоките етички норми во работењето, со јасна определба за нулта толеранција кон секој облик на злоупотреба во здравството. Воедно, се потенцира потребата од засилен надзор и системски мерки за превенција, со цел спречување на вакви појави во иднина. Компаниите очекуваат надлежните институции да постапуваат навремено, одлучно и во интерес на заштита на јавното здравје, додека јавноста да биде редовно, точно и транспарентно информирана за текот и исходот на постапката“, велат од ССКМ.






