Доколку се потврди дека таму се гради објект за дејност поврзана со игри на среќа, изјави Велиу, тогаш станува збор за една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки кон чувствата на граѓаните.
„Гробиштата не се место за казино. Гробиштата не се зона за коцкање. Гробиштата не се простор за комерцијален профит. Тоа се места на достоинство. И секој обид во нивна близина да се постави индустрија на игри на среќа претставува тежок провокативен чин кон семејствата, кон верниците и кон секоја човечка норма. Ова прашање ја надминува дневната политика. Ова е основно прашање за карактерот на државата, дали ги штити чувствата на граѓаните или интересите на казината?
Затоа од ДУИ бараат веднаш да се објави вистинската намена на објектот и целокупната документација, да се запрат работите до целосно разјаснување на случајот, да се истражи како е дозволена ваква дејност во близина на гробишта и да се почитува волјата и чувствителноста на граѓаните од подрачјето на Блаце.
„И на крај, како неопходен додаток, граѓаните имаат право да знаат зошто оваа влада го повлече и законот со кој ветуваше отстранување на игрите на среќа од близина на училиштата и чувствителните зони. Денес, кога гледаме што се случува крај гробиштата, тоа прашање е уште потешко“, рече Велиу.






