понеделник, 8 јуни 2026

Зеленски до Стармер: На Украина ѝ се потребни повеќе ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера му рече на британскиот премиер Кир Стармер дека на Украина ѝ е потребно дополнително ракетно оружје за системите за воздушна одбрана, објави Зеленски на платформата Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие исто така разговараа за прашањата за заштита на енергетската инфраструктура на Украина и подготовките на земјата за претстојната зима, рече Зеленски.

Стармер вчера во Даунинг стрит ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на разговори за европската поддршка за Украина и напорите за завршување на војната.

Зеленски по пристигнувањето во Лондон рече дека ќе разговара за одбраната на Украина, зајакнувањето на соработката во воздушната одбрана и можностите за дипломатско решение на конфликтот со европските лидери.

„Главниот фокус е нашата одбрана во војната, поголема соработка за безбедноста на цела Европа во областа на воздушната одбрана и споделувања мислења за дипломатските перспективи. Европа мора да биде дел од преговорите и мора да биде силна“, напиша Зеленски на Икс по пристигнувањето во Лондон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ