сабота, 25 април 2026

Захарова: Настаните во Авганистан ја покажаа неспособноста на САД и НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Таа на Телеграм напиша дека САД покажале целосна немоќ како управувачка сила. Талибанците кон средината на минатиот месец ја преземаа контролата врз Авганистан, по повлекувањето на американските и силите на НАТО од таа земја.

„Видео-снимките на самоуништувањето на „невидливата машина“, кои беа прикажани низ светот, уште поуверливо демонстрираат дека секоја воена калкулација на НАТО е целосна утка како военополитички блок кој ја презема водечката улога во обезбедувањето на светскиот поредок“, наведе Захарова.

Таа истакна дека НАТО, и покрај неуспехот во Авганистан, планира да одржи голем број воени вежби, особено во балтичките и земјите од Источна Европа, и да го зајакне присуството на Арктикот, пренесува ТАСС.

„Судејќи по катастрофата во Авганистан, на НАТО му се попотребни вежби во планините и степите отколку на пасишта и ливади, но изгледа дека Алијансата е премногу вовлечена во виртуелниот судир со Русија“, истакна Захарова.

Таа додаде дека падот на НАТО е очигледен, со потсетување дека барем воените возила од Ирак беа превезени во балтичките земји и дека „отпадот им беше дониран на вазалите“.

„Тие во Авганистан беа толку исцрпени што решија да ги остават автомобилите и хеликоптерите на оние против кои ги користеа“, додаде Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ