сабота, 18 април 2026

Заедничко судење на четворицата поранешни лидери на УЧК во Хаг

Објавено на

часот

Сподели

Во притворот во Хаг се наоѓаат поранешните лидери на УЧК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои пред Специјализираниот суд се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Обвинението против нив беше потврдено на 26 октомври 2020 година, а објавено на 5 ноември.

Во случајот против Тачи и другите, претресниот суд сè уште нема одлучено кога случајот ќе му биде даден на претресниот совет.

Случајот во моментов е во преткривична фаза, пренесува Танјуг. За време на оваа фаза претпретресниот судија одржува рочишта, по потреба, за да ја спреми постапката. Претресниот судија треба врз основа на аргументите на страните да одлучи кога ќе се претстават предрасправните акти.

Кога ќе завршат подготовките, судијата ќе им го предаде актот на тричлениот совет и резервниот судија. Датумот на почетокот на судењето не е одреден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ