вторник, 28 април 2026

Вучиќ: Хрватските медиуми водат невидена кампања против мене

Објавено на

часот

Сподели

По средбата за време на викендот во Истанбул со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Вучиќ им кажа на новинарите на српските медиуми дека „во сите тие платени текстови има неколку теми, а потоа доаѓаат до клучната – ќе ја стигне ли Србија Хрватска“.

„Тоа што им е најболни, покрај приказните како Србија набавува оружје и приказните за српското знаме е оној наслов „Србија нема да нè стигне со децении““, кажа Вучиќ.

Наведувајќи дека Хрватска сè уште е многу пред Србија, Вучиќ кажа дека на Хрватска ѝ честита на постигнатите резултати и успешното остварување на целите и соништата, како членството во Европската Унија и НАТО, порачувајќи дека Србија нема да се срами од своите успеси и дека ќе продолжи да си ја работи работата.

„Пред 15 години ни бегаа за 15 милијарди вкупен БДП, а годинава ја завршуваме со разлика од плус-минус половина милијарда“, кажа Вучиќ, оценувајќи дека „Србија ја стигнува и престигнува Хрватска по сите економски параметри и тоа е она што најмногу ги боли“.

„Им честитам уште еднаш на фантастичната туристичка сезона, се радувам за нив, но се радувам и за нашите фабрики, работни места, посилната војска која никого не напаѓа ниту сака, туку ги штити интересите на Србија и српскиот народ. Единственото нешто што го барам е почит. Ако сакаат, во ред, а ако не сакаат, нема да им одговараме“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ