сабота, 25 април 2026

Вселенска ракета во Калифорнија експлодира набрзо по полетувањето (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата наречена Алфа експлодираше само неколку минути по лансирањето.

„Алфа забележа аномалија за време на првиот стадиум на лансирањето, што резултираше со губење на ракетата“, објави компанијата на Твитер.

На снимката се гледа како ракетата експлодира две и пол минути по лансирањето од Калифорнија.

[video:https://youtu.be/NisZvIs4SKk autoplay:0]

Претходниот обид за лансирање е прекинат само неколку секунди пред лансирањето поради необјаснети технички причини.

Пред да експлодира, на ракетата ѝ беше потребно двојно подолго време да ја достигне брзината на звукот од очекуваното.

Алфа требаше да ја достигне брзината на звукот 67 секунди по лансирањето, но ја достигна за 140 секунди. 10 секунди подоцна експлодира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ