четврток, 16 април 2026

Верижен судир среде огромно невреме во САД, загинаа девет деца (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Загинатите деца биле на возраст од девет месеци до 17 години. Несреќата се случила поради тропската бира Клодет која предизвика големи поплави и торнада во Алабама и уништи десетици домови.

Во еден автомобил, јавува Би-би-си, загинале татко и деветмесечно девојче. Останатите осум жртви биле во возило на дом за напуштени и малтретирани девојчиња. Најмладата жртва имала само четири години.

„Срцата ни се скршени. Нашето семејство доживеа голема загуба“, објави на Фејсбук организацијата Алаба шерифс јут ранчис.

Торнадо уништило најмалку 50 куќи во округот Ескамбија. Во невремето загинале и 24-годишно момче и тригодишно момче, додека по еден маж сè уште се трага.

[video:https://youtu.be/-LAINYnfmiI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ