Церемонијата на поставување на темелите била одржана во понеделникот, а честа му припаднала на Ердоган.
Нацртите покажуваат дека комплексот ќе се простира на 136,5 милиони квадратни метри и предвиден е за околу 15.000 вработени. За споредба, американски Пентагон има 6,5 милиони квадратни метри.
Milli Savunma Bakanlığı Ay Yıldız Projesi Temel Atma Töreni https://t.co/DNrpJ2OBES
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) August 30, 2021
Градбата ќе биде во форма на полумесечина, по знамето на Турција. Огромната зграда во облик на ѕвезда ќе служи како изложбен простор и влез главниот комплекс со облик на полумесечина.
Завршувањето на изградбата е предвидено за мај 2023 година.
„Тука ќе воспоставиме структура која со својата позиција ќе предизвика страв кај непријателите, а почит кај пријателите“, кажа Ердоган на свечената церемонија одржана на 99-годишнината од Денот на победата во војната за независност во 1920 година.
The Turkish President announced that they will gather its National Defense Ministry, General Staff, and the three branches of its Military into a single, hi-tech headquarters building.#TSK #TAF #MIT #Turkey2023 pic.twitter.com/sDru22WxHl
— AceJace™ (@AceJaceu) August 30, 2021
Турскиот Пентагон е последниот во низата обиди на Ердоган да ја зајакне воената моќ на Турција пред изборите во 2023, додека земјата се соочува со инфлација, поплави и пожари.
Турција се фокусираше на локално производство на оружје и воена опрема, развивајќи беспилотни летала со корисна носивост, кои се направени да им парираат на американските воени дронови.






