вторник, 28 април 2026

Талибанците до вработените жени: Останете дома (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Привремениот градоначалник Номани изјави дека само оние жени кои работат на „позиции што мажите не можат да ги заменат или кои не се за мажи“, имаат право да одат на работа. „Тие одат на работа секој ден“.

Останатите жени мора да „останат дома, додека ситуацијата не се нормализира“, додаде Номани. „Нивните плати ќе бидат исплатени“, рече тој.

Молави Хамдулах Номани објасни: „Отпрвин им дозволивме на сите да ги преземат своите работни места, но потоа Исламскиот емират увиде дека е неопходно да ги запре жените да работат некое време“.

Ова е уште еден знак дека талибанците го наметнуваат своето остро толкување на шеријатскиот закон, кој вклучува ограничување на жената во јавниот живот, и покрај првичните ветувања за толеранција и вклучување.

Во своето претходно владеење во 1990-ти години, талибанците им забранија на девојките и жените да одат на училиште и да работат.

Намони рече дека сè уште се чека конечна одлука за вработените во општинските одделенија во Кабул, како и дека во меѓувреме ќе ги зголемат платите.

Тој додаде дека пред преземањето на Авганистан од страна на талибанците минатиот месец, нешто помалку од една третина од речиси 3.000 вработени во градските служби биле жени кои работеле во сите одделенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ