Во последните 24 часа се тестирани 8.327 примероци и потврдени се 89 нови зарази, а помалку од 100 заразени, поточно 67, последен пат имаше на 12 октомври 2020.
Со седум починати, досега вкупно 6.997, Србија е на границата од 7.000 жртви на коронавирусот од почетокот на пандемијата.
На болничко лекување се 274 пациенти, од кои 15 на респиратори.
Србија досега, од 6,9 милиони жители, пријави 4.329.845 тестирани примероци и вкупно 715.693 регистрирани случаи на зараза, по што е на 36-то место на листата на специјализираниот портал Ворлдометерс.
По бројот на умрени на милион жители Србија е на 61-то место на листата, а по бројот на заразени е на 30 позиција.






