„А што можеме да правиме? Можеме да апелираме на здрав разум, да бараме почитување на меѓународното право. Ако тоа не помогне, можеме да бомбардираме не само во насока на метата туку и во самата мета. Ги предупредува сите кои ги кршат државните граници на Руската Федерација под слоганот на слободна пловидба да се воздржат од такви провокативни чекори, бидејќи безбедноста на нашата земја е на прво место“, кажа тој.
„Територијалниот интегритет на Руската Федерација е неповредлив. Неповредливоста на нејзините граници е апсолутен императив и за тоа ќе се бориме со дипломатски, политички и, ако е потребно, со воени средства“, кажа Рјабков, а пренесува ТАСС.
Вчера руското министерство за одбрана објави дека руски воен брод пукал како предупредување во насока на британски разурнувач кој впловил во руски територијални води во Црното Море.
ХМС Дифендер веднаш ги напуштил руските води, откако навлегол три километри во руска територија, наведе руското министерство.
Соочувањето се случило во близина на ртот Фиолент на полустровот Крим.






