среда, 22 април 2026

Русите во Херсон се закануваат дека ќе им ги одземат децата ако родителите не земат руски пасоши

Руските окупаторски власти во Херсонската област ги принудуваат родителите да земат руски пасоши, заканувајќи се дека ќе им ги одземат децата или дека ќе ги изгубат родителските права, објави Украинскиот центар за национален отпор.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не се документи. Ова се инструменти на терор“, изјави гувернерот на Херсонската област Иван Дудари за Центарот.

Русија спроведува присилно издавање пасоши на окупираните територии со цел зајакнување на контролата и бришење на украинскиот идентитет на окупираното население.

Во селото Асканија-Нова, кое се наоѓа длабоко во окупираната територија, на родителите отворено им се закануваат со одземање на нивните деца или со губење на родителските права ако не прифатат руско државјанство. Асканија-Нова е оддалечена околу 52 километри од деловите на Херсонската област кои се под контрола на Украина.

Според Центарот за национален отпор, украинските цивили во окупираните зони без руски пасоши не можат да добијат медицинска нега, не можат да поминат преку воени контролни пунктови и се изложени на ризик од мобилизација.

„Родителите се уценуваат преку своите деца, а децата се уценуваат преку образовниот систем. Денес, на окупираните територии, едноставно е невозможно да се преживее без руски документи“, изјави за Киев Индепендент Катерина Рашевска, правен советник во Регионалниот центар за човекови права во Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ