четврток, 16 април 2026

Прекинати преговорите за иранскиот нуклеарен договор во Виена

Објавено на

часот

Сподели

Преговарачите од Иран и шесте светски сили денес ги прекинуваат разговорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, и се враќаат во своите држави на консултации, бидејќи преостанатите разлики не можат лесно да се надминат, потврди шефот на иранската делегација Абас Аракчи.

„Поблиску сме до договор од кога било, но остануваат некои разлики во ставовите кои не можат лесно да се надминат и тоа не е лесна работа. Затоа вечерва се враќам во Техеран“, кажа Аракчи во интервју за иранската државна телевизија.

Целта на преговорите во Виена е да се постигне целосна согласност за нуклеарниот договор од кој администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се повлече во 2018 година и ги врати санкциите против Техеран.

„Пополнувањето на празнините во договорот бара одлуки кои главно треба да ги донесе другата страна. Се надевам дека во следната рунда од разговорите ќе ја надминеме оваа мала, но тешка делница во преговарачкиот процес“, истакна Аракчи.

Главниот непријател на Иран, Израел, ја осуди претходно победата на претседателските избори на Ебрахим Раиси, ултра-конзервативец и доскорешен судија на врховниот суд на Иран, на изборите со предупредување дека новата оранска власт ќе биде „режим на брутални џелати“ со која светските сили не би требало да преговараат за нов нуклеарен договор.

Не е јасно кога формалните преговори ќе продолжат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ