На интервенцијата во моментов се 46 пожарникари со 18 возила од Јавната пожарникарска служба Шибеник, и бројни добоволци. Помош од воздух им пружаат два канадери.
Како што јавуваат хрватските медиуми, пожарот избил на Бикарац, а бил забележан во 14 часот. Дваесетина минути подоцна пожарот почнал да се шири кон индустриската зона.
Засега нема прекин во снабдувањето со електрична енергија, а полицијата по потреба го регулира сообраќајот.






