„Законот не се однесува на хомосексуалците. Станува збор за тоа какво сексуално воспитување сакаат родителите за нивните деца“, кажа Орбан по доаѓањето на самитот на Европската Унија во Брисел.
Орбан потсети дека под комунистичкиот режим хомосексуалноста била казнива.
„Се борев за слободата и правата (на хомосексуалците). Ги бранам правата на хомосексуалците“, кажа шефот на унгарската влада.
Парламентот на Унгарија кон средината на јуни изгласа закон со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста меѓу малолетниците.
Лидерите на 16 членки на Европската Унија апелираа пред самитот во Брисел на почитување на „основните вредности“ на Унијата.
Не наведувајќи ја Унгарија, лидерите во писмото изразија жалење поради загрозувањето на основните права, а „особено на принципите на недискриминација врз основа на сексуалната ориентација“.






