Станува збор за главниот италијански автопат А1 што ги поврзува Милано и Неапол. Нападот се случил помеѓу излезот Валсамоџа и Модена Суд, во правец кон Болоња, а автопатот беше блокиран од понеделникот вечерта до утрово. Затворен беше во двата правци околу седум часа.
Разбојниците, за кои италијанските медиуми пишуваат дека ѝ припаѓаат на мафијата, истуриле шилци на патот и така ги дупнале гумите и спречиле понатамошно движење на возилото. Излегле од своето возило и со калашникови во рацете принудиле некои возачи да излезат од своите автомобили.
Наскоро се слушнаа три експлозии, велат очевидци. Разбојниците ги разнеле возилата со кои дошле до автопатот, за кои подоцна се покажало дека се украдени, за да ги покријат сите траги. Тие исто така пукале во воздух за да ги заплашат луѓето околу себе.
Поставиле чадни бомби за да создадат бариера меѓу себе и можната полициска потера, а потоа принудиле двајца возачи на камиони со своите возила да го блокираат патот, со што дополнително го затвориле пристапот до местото на грабежот.
„Се плашев дека ќе умрам, видов луѓе со митралези како напаѓаат луѓе“, сведочеше едно лице за Ла република. Други сведоци, за Ил квотидјано национале, ја опишуваат ситуацијата како „Див Запад“ и „Крај на светот“. „Ова беше филмски, бевме исплашени“, рече трет за „Кориере ди Болоња“. Четврти, пак, опиша дека бил „шокиран и сè беше филмско изведено“.
На крај немало повредени меѓу цивилите, а обезбедувачите што го управувале блиндираното возило биле пуштени од болница со полесни повреди. Италијанските медиуми шпекулираат дека во сефот на блиндираното возило имало околу два милиони евра, но разбојниците не успеале да го отворат.
Тие сега се во бегство, а италијанската полиција тврди дека не успеале да го земат пленот, но успеале да ја скршат вратата на блиндираното возило. Тука запрел нивниот грабеж. Набргу потоа побегнале, а полицијата се сомнева дека се на пат кон Болоња.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=BsE4VitlPI4 autoplay:0]





