Израелскиот парламент Кнесет ѝ изгласа на 13 јуни доверба на новата влада на Израел на чело со Нафтали Бенет. Со тоа заврши владеењето на Нетанјаху кој беше премиер најдолго во историјата, 12 последователни години.
Иако новата влада даде заклетва, Нетанјаху сè уште не ја напуштил премиерската резиденција во Ерусалим, пред која неколку недели имаше граѓански протести за негова оставка.
Во заедничко соопштение на кабинетот на Бенет и на Нетанјаху се наведува дека е постигнат договор Нетанјаху и неговото семејство да ја напуштат резиденцијата најдоцна до 10 јули. Се додава дека во резиденцијата потоа ќе се всели Бенет.






